Медиуми: Француските фармери кажаа колку ги чинат руските санкции

Претседателот на француската федерација на одгледувачи на свињи Пол Офре истакна дека руското ембарго довело до снижување на цените на свинското месо на европскиот пазар.

Руското ембарго на прехранбени производи им носи на производителите на свинско месо од Франција  загуба од 20 евроценти за килограм месо, изјави претседателот на француската федерација на одгледувачи на свињи Пол Офре.  

„Пресметано е дека ембаргото за испорака на месо ги чини француските фармери 20 евроценти по килограм“, ги цитира неговите зборови белгиската радиотелевизиска компанија „Ер-Бе-Те-Еф“.

Според зборовите на Офре, руското ембарго довело до намалување на цените на свинското месо на европскиот пазар. Освен тоа, француските производители, кои претходно извезуваа во Русија и свински изнутрици, сега се принудени да ги продаваат во Азија, особено во Кина, по многу пониски цени. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња