Путин го потпиша указот за формирање мобилизациска резерва на Воените сили на Русија

На владата ѝ е наложено да обезбеди спроведување на мерки „поврзани со стапувањето во резерва на граѓани на Руската Федерација кои се наоѓаат во резервниот состав“.

Претседателот на Русија Владимир Путин го потпиша указот за формирање мобилизациски резерви на вооружените сили за време на спроведувањето на експериментот „за воведување нов систем на подготовка и акумулирање на мобилизациски човечки ресурси“.

Овој указ беше објавен на официјалниот интернет-портал за правни информации во петокот.

На владата ѝ е наложено да обезбеди спроведување на мерки „поврзани со стапувањето во резерва на граѓани на Руската Федерација кои се наоѓаат во резервниот состав“.

Според првиот заменик на началникот на главната организациско-мобилизациска управа на Генералштабот Евгениј Бурдински претходно соопшти дека во 2015 година во вооружените сили ќе се спроведе експеримент за обнова на воената служба во резерва. Според него, во првата мобилизација ќе се најдат 5 илјади војници кои ќе бидат одбрани од резервниот состав. Според него, новата служба на резервистите може да се спореди со израелската, но таа ќе врши малку поинакви функции.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња