5 факти за рускиот тенис

Alamy/Legion Media
11 руски ѕвезди се борат за слава на Вимблдон во Лондон. Но, рускиот тенис не започнува со Марија Шарапова и со нејзиниот успех на Вимблдон во 2014 година. И додека спортистите се обидуваат да го најдат своето место под сонцето на лондонското тениско игралиште, „Руска реч на македонски“ ви претпоставува пет интересни факти за овој спорт во Русија.

Напредниот Толстој

Неколку години пред рускиот „роденден“ на тенисот во 1878 година, големиот писател Лев Толстој веќе се залагаше за играта. Санкт Петербург го има добиено својот прв тениски терен во 1866 година, а Толстој овој вид спорт го има опишано во романот „Ана Каренина“, кој излегувал во периодот од 1875 до 1878 година во „Руски вестник“. Во шестиот дел од романот, Ана и нејзиниот љубовник Вронски играат тенис во двојки. Тенисот официјално за првпат започнал да се игра во Русија токму во Санкт Петербург на 28 август 1878 година кога група ентузијасти одржале турнир и објавиле манифест за развој на тенис на трева на територијата на Руската Империја.

Француски часови

Во триесеттите години од минатиот век седумкратниот победник на Грен Слем турнирот Анри Коше беше една од најголемите ѕвезди на светскиот тенис. За советскиот тенис беше голем настан тоа што успеа да го привлече на два турнира во 1936 и во 1937 година. Коше играше на турнирите во Москва, Ленинград, Киев и во други градови и беше многу заинтересиран да се врати следните години и да основа школа за тенис. Но, неговата цел не беше остварена. Кога плановите почнаа да доаѓаат до нивната реализација Коше беше обвинет за „шпионажа“, а многумина што беа поврзани со него беа егзекутирани.

Конфликтите од студената војна

Во педесеттите години од минатиот век СССР се врати на меѓународната спортска сцена, а на спортистите им беше дозволено да се натпреваруваат на големите настани – барем во теорија. Но, на практика рестрикциите биле значителни. Исплашени од емиграција, властите им дозволуваа на своите спортисти да поминат најмногу 40 дена на натпревари во странство. Сите пари што биле добиени како награда, биле слевани во државната каса. Наталија Чмирјова, потенцијална шампионка чија кариера била прекината под притисок на советскиот систем, се сеќава дека добила 5.000 американски долари на турнир во Чикаго во 1977 година, но добила само 180.

Физички подготовки

До 1955 година советските тенисери немале посебни софистицирани режими за тренинг. Наместо тоа им бил советуван план за физичка подготовка од 6 точки: 100 метри спринт (60 метри за жени), скок во далечина, скок во височина, фрлање тениско топче, вежби на шипка (качување по јаже за жени) и 1.500 метри трчање (800 метри за жени). Списанието „Советски тенис“со уверување предвидувал: Овие нешта со сигурност ќе помогнат за зголемување на физичката сила на нашите тенисери, со што ќе се подигне и нивото на играта“.

Тениски терени на моќта

Рускиот тенис започна да се издигнува во деведесеттите години од минатиот век со мала помош од Кремљ. Борис Елцин, првиот претседател на постсоветска Русија, беше страстен играч, па тениските игралишта станаа место за влијание. Неговите ВИП-турнири беа места за сите оние со вистински движења од Русија, започнувајќи од вицепремиерот Олег Сисуев, па сè до московскиот градоначалник Јуриј Лужков, кои му беа партнери на претседателот. Сакајќи да се истакне во очите на јавноста, поранешниот московски градоначалник Лужков за свој противник го зеде поранешниот светски број 49 Андреј Ољховски, кој го „растури“ со топка што леташе 200 километри на час.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња