Македонија на филмскиот фестивал Voices во Русија

Press Photo
Во рускиот град Вологда денес се отвора меѓународниот филмски фестивал на млади автори Voices. Во официјалната конкуренција се филмови од Италија, Русија, Унгарија, Шпанија, Франција, како и заеднички проект на Србија, Германија, Македонија и Хрватска.

Во Вологда денес се отвора меѓународниот филмски фестивал на млади автори Voices. Во официјалната програма се најдоа седум филма, од кои шест се на одредена земја – Италија, Русија, Унгарија, Шпанија, Франција, а еден е работен во копродукција на Србија, Германија, Македонија и Хрватска. Уште 37 филма ќе бидат прикажани надвор од конкуренцијата, а утврден е и конечниот список на членовите на фестивалското жири.

Претседател на жирито ќе биде францускиот режисер Жерар Кравчик. Тој на својата листа ги има и мошне успешните филмови „Такси“ и „Васаби“. Филмовите, исто така, ќе ги оценуваат и новинарот Сергеј Шолохов, грузискиот режисер Нана Џорџаѕе, филмскиот теоретичар и постојан директор на Државниот централен музеј на филмот Наум Клејман, како и младата руска актерка Дарја Екамасова.

Помеѓу филмовите од официјалната конкуренција има мелодрами, драми, комедии, но и научна фантастика. Рускиот режисер Андреј Зајцев ќе се претстави со „14+“, фил за Ромео и Јулија од современиот свет. За да бидат заедно, главните ликови ќе мора да минат низ многу нешта: нивните училишта се непријателски расположени едно кон друго, па затоа љубовта претставува предавство на своето мало и на своето друштво.

Режисерот од Германија Бурхан Курбани ќе се претстави со својот филм „Ние сме млади. Ние сме силни“. Филмот е создаден според мотиви од реалните настани од 1992 година во германскиот Росток, каде радикалите од десницата во текот на неколку дена држеа во заложништво преполн центар за бегалци и во него фрлаат шишиња со запална смеса додека Германците од соседните згради им аплаудираат.

Филмот „Споменик на Мајк Џексон“ е заедничка работа на тимови од Србија, Германија, Македонија и од Хрватска. Режисер е Дарко Лунгулов. Филмот зборува за тоа како на плоштадот на едно речиси пусто српско гратче се урива стариот споменик од комунистичката епоха. Марко е пред развод. Тој е многу разочаран и од себе и од животот во српското гратче. Во очај Марко решава да го замени стариот комунистички споменик со статуа на Мајкл Џексон, со цел да го спаси од умирање својот град и да ја врати жена си. Но, неговите планови се уриваат. Во актерската екипа се Драган Бјелогрлиќ, Мирјана Карановиќ, Борис Трифуновиќ и македонските  актери Тони Михајловски и Петар Мирчевски.  Директор на фотографија е  Матијас Шоенинг, сценограф е Кирил Спасевски, костимограф Зора Мојсиловиќ и снимател на звукот Игор Поповски.

Еден од главните гости на годинашниов фестивал е полскиот режисер, сценарист и продуцент Кшиштоф Зануси. На фестивалот тој ќе претстави сопствена програма на полскиот филм, како и своето најново остварување „Туѓо тело“.

Поподробно на официјалниот сајте на Voices

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња