Кремљ ја потсети Украина за слободата на медиумите

Депортацијата на новинарката на Првиот канал Александра Черепина од Украина, во Кремљ беше наречена како неприфатлив чекор на Киев.

Порт-паролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков изјави дека Москва нема намера како одговор да депортира украински новинари, раководејќи се од принципот на слободата на медиумите и на слободата на информациите.

Песков е уверен дека Украина веќе одамна е место „каде е опасно и тешко за работа за претставниците на медиумите, и тоа не само на руските“. Порт-паролот ги повика сите претставници на руските медиуми да бидат мошне внимателни додека се на работа во Украина.

Вчера Службата за безбедност на Украина ја депортираше од земјата новинарката на Првиот канал Александта Черепина, со обвинување за фалсификување на еден од прилозите во вестите. Како официјална основа за депортација беше дадена определбата за „антиукраинска деструктивна дејност“.

Откако допатува во Москва, новинарката на Првиот канал изјави дека соработниците на Службата за безбедност на Украина ја пречекале пред нејзината зграда, ја спровеле во станот и ја натерале да си ги спакува работите. На девојката ѝ бил одземен телефонот и ѝ било забрането да стапи во контакт со редакцијата и со семејството. Таа била испрашувана неколку часа. На крајот Черепина била обвинета дека видеото што таа го искористила за еден од своите прилози бил фалсификуван, со цел да се оцрни Украина.

Во прес-центарот на Службата за безбедност на Украина појаснија дека на новинарката ѝ е забранет влез во земјата во рок од три години.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња