100 кандидати за губернатори

Во текот на 12 дена од почетокот на кампањата, речиси 100 лица се регистрирале како кандидати за губернатори на руските региони.

Ова вчера во емисија на радиостаницата „Руска служба за вести“ го изјави првиот човек на Изборната комисија на Русија Владимир Чуров.

„Засега само во еден субјект, а тоа е Ростовската област, нема кандидати за губернатор. Во сите останати субјекти веќе имаме 95 кандидати од 22 политички партии“, изјави Чуров.

За учество во изборите на разни нивоа се имаат пријавено 33 политички партии. Изборите ќе се одржат на 13 септември, а на нив ќе бидат избрани првите луѓе на 21 регион. Директните избори за губернатори беа повторно воведени во 2012 година. На 2 април 2013 година во законот беше внесен амандман за можност на замена на гласањето на директни избори со кандидатура на регионалните раководители со гласање во парламентот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња