Спротивставувањето на Русија и Европа е грешка

Според премиерот на Италија Матео Ренци на Европа не треба да се гледа како „анти-Русија“. Тој изјави дека спротивставувањето со Русија претставува „политичка грешка“ и „културно злосторство“, пренесува РИА Новости.

„Невозможно е да се претстави дека европската идеја е изградена на антируски модел. Тоа е историски неточно“, изјави тој за време на посетата на универзитетот „Вилхелм фон Хумболт“.

Ренци нагласи дека учеството на Русија во борбата против тероризмот е неопходно. „Би било непростлива грешка доколку би претпоставиле дека може да се влезе во војна против тероризмот без да влезе во коалицијата еден толку голем народ“, рече Ренци.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња