САД продаваат Калашников од сопствено производство

Компанијата Kalashnikov USA најави дека започнала со продажба на автомати произведени во неодамна изградената фабрика во САД. Ова го пренесува CNN Money.

Автоматите се веќе достапни во некои продавници за оружје во земјата.

Во јуни беше отворен новиот сајт на фирмата, а на главната страница беше објавено мотото на компанијата: Руско наследство – американски иновации. За производството на автоматите во САД беше искористена најновата технологија, со која се зголеми сигурноста.

Автоматот Калашников е едно од најраспространетите стрелечки оружја во светот. Во текот на 60 години, според разни оценки, произведени се од 70 до 100 милиони примероци со различни модификации. Калашников е вклучен во вооружувањето на 50 држави.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња