Наришкин реагира на скандалот во Финска

Спикерот на Државната дума Сергеј Наришкин смета дека Хелсинки забранил влез на членови на руската делегација на територијата на Финска под притисок на САД и на Европската Унија, пренесува РИА Новости.

„Властите на Финска го попречија законското право на пет члена на руската делегација да учествуваат во работата на сесијата на парламентарната асамблеја на ОБСЕ“, изјави тој.

Претседателот на Државната дума исто така соопшти дека руската делегација нема да земе учество на летната сесија на парламентарната асамблеја на ОБСЕ во Хелсинки поради одлуката на Финска да не го пушти Наришкин во земјата.

Притоа спикерот на Државната дима подвлече дека Русија нема да ја запре својата работа во парламентарната асамблеја. Наришкин увери дека делегацијата ќе земе учество на следната сесија во главниот град на Монголија Улан Батор.

На 1 јули амбасадата на Финска во Русија не му одобри влез на Наришкин во земјата за учество на сесијата на парламентарната асамблеја на ОБСЕ што ќе се одржи во Хелсинки од 5 до 9 јули. Се очекуваше дека на чело на руската делегација ќе биде претседателот на Државната дума, но финската амбасада својата одлука ја образложи со тоа што рускиот парламентарец влегува во списокот на санкции на Европската Унија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња