Должниците не можат да излезат од Русија

Јули и август традиционално се месеците кога Русите заминуваат на одмор во странство. Но, тие треба да внимаваат и на своите должнички односи пред да помислат да излезат од државата.

Според новиот закон граѓаните кои имаат повеќе од 10 илјади рубли неисплатени долгови за банкарски кредити, за режии, даноци, казни и алиментации, нема да можат да ја напуштат државата.

Според пресметките на аналитичарите, во моментов во Русија има околу 8 милиони должници. Кај 80% од нив сумата на долгот ја надминува законски поставената граница од 10 илјади рубли, односно ризикот за да не можат да ја напуштат државата го носат 6.6 милиони луѓе, односно околу 4.6% од населението. Со оглед на санкциите и на кризата, за период од година и половина овој показател се зголемил за 2.5 пати.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња