Русија: Нема потреба од усогласување со Украина околу попустот на гас

Условите на Русија за цената и попустот на гас не бараат усогласување со Украина, соопшти министерот за енергетика Александар Новак.

Условите на Русија за цената и попустот на гас не бараат усогласување со Украина, соопшти министерот за енергетика Александар Новак.

Одлуката за попустот е донесена од владата. По таа цена „Гаспром“ ќе ѝ доставува сметка на Украина. Овде нема потреба од согласност од Украина“, изјави министерот, а пренесува ТАСС.

Претходно министерот за енергетика на Украина Владимир Демчишин изјави дека Киев има намера на претстојните во вторник трилатерални преговори со Русија и Европската комисија да дискутира за висината на попустот на гас што го даде руската страна за третиот квартал. Одговарајќи на прашањето дали е согласна украинската страна со висината на попустот, Демчишин изјави: „Се разбира, ќе дискутираме за тоа“.

Истовремено тој одби да ја наведе цената за рускиот гас што би била прифатлива за Украина. „Не можам да ви дадам бројка до преговорите, своите предлози веќе ѝ ги кажавме на Европската комисија“, рече Демчишин, кој во вторникот претходно имаше средба во Виена со претставници на Европската комисија во билатерален формат. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња