Кремљ внимателно го следи развојот на ситуацијата во Грција

Тоа е прашање на меѓусебен однос меѓу Атина и кредиторите, истакна портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков.

Кремљ го следи развојот на ситуацијата околу Грција која се најде во тешка економска ситуација, но потенцира дека оваа тема е прашање на меѓусебниот однос на Атина со кредиторите.  

„Тоа е прашање на Грција, пред сѐ, и прашање на односите меѓу Грција и кредиторите“, изјави за новинарите портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков, одговарајќи на прашањето дали се дискутира на највисоко ниво прашањето за помош на Атина.

„Ние многу внимателно следиме како се развиваат настаните“, додаде Песков.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња