Берлин ги обвини Русија, Кина и Иран за шпионажа

Министерот за внатрешни работи на Германија Томас де Мезјер изјави дека тајните служби на Русија, Кина и Иран продолжуваат да ја шпионираат Германија.

Министерот за внатрешни работи на Германија Томас де Мезјер изјави дека тајните служби на Русија, Кина и Иран продолжуваат да покажуваат најголем интерес за Германија како значаен играч на меѓународната сцена, членка на НАТО и Европската унија. 

„Во задачите на Службата за заштита на уставот спаѓа и заштитата од шпионажа. Странските тајни служби се заинтересирани за Германија, како и претходно. Главни актери на шпионската активност насочена против Германија се и понатаму Руската Федерација, Народна Република Кина и Исламската Република Иран”, изјави Де Мезјер на претставувањето на извештајот за 2014 година, а пренесува РИА „Новости”.

Според зборовите на министерот, наведените земји пројавуваат активност во политичката, воената и технолошката сфера. „Важна цел за интересот на тајните служби се опозициските групи на емигрантите од овие земји“, истакна Мезјер.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња