РПГ од Виетнам до Јордан

ТАСС
Рускиот фрлач на гранати РПГ заедно со автоматот Калашников стана еден од најпрепознатливите оружени брендови во светот. Имено руските фрлачи на гранати ја поставија на ново ниво борбата на „оклопи и проектили“. „Руска реч на македонски“ ви ги претставува 3 најпопуларни руски „убијци на тенкови“.

РПГ-7: Херојот на Холивуд

Советскиот фрлач на ракети РПГ-7 беше дебитант во семејството на научно-производното претпријатие „Базаљт“. Но, токму седмиот модел, кој е популарен во земјите од Африка и од Азија, а исто така и во холивудските акции, засекогаш му го донесе епитетот на најдемократски производ според квалитетот и цената.

Овој фрлач на ракети со право го зазема првото место на листата, без оглед на неговата возраст и постоењето на помоќно потомство во плејадата РПГ. РПГ-7 е создаден во 1961 година, а во 1968 ѝ донесе многу проблеми на американската војска во Виетнам. Опсегот на полнење на проектилот се движи помеѓу 40 и 150 милиметри со ракета која во задниот дел може да го зголеми обемот од 150 до 500 метри. Боевата глава може да пробие оклоп од 320 милиметри.

РПГ-7, како и претходно, се користи во локалните војни благодарение на тоа што е евтин и се произведува во голем обем. Досега се произведени повеќе од 9 милиони РПГ-7. Современата варијанта ПГ-7ВР има тандемско полнење: првото на себе ја презема динамичката заштита на тенкот, а второто го пробива оклопот.

РПГ-29 „Вампир“

Второто место го зазема РПГ-29 „Вампир“ создаден во 1989 година. Неговата главна цел е да надминува каква било динамичка заштита на тенкот и да ја уништи целта, пробивајќи оклоп со дебелина од 500 милиметри. Моторот изискува големината на цевката да дојде до 1.85 метри. Според резултатите од примената, овој уред може со својот кумулативен дел да пробие повеќе од 600 милиметри хомоген оклоп. Вклучувањето на моторот се извршува со помош на електричен систем. „Вампир“ со калибар од 105 милиметри е опремен со тандемски кумулативни и термобарични муниции. Кога е склопен должината на цевката изнесува 1 метар. Тој исто така е опремен и со оптички визир и со сталак за стрелање во лежечка положба. Токму овој фрлач на гранати беше причината за загубата на тенкови на израелската армија во втората либанска војна со Хезболах во 2006 година. Тел Авив потврди дека има изгубено осум тенкови Меркава. Сега „Вампир“ активно го применуваат обете страни во конфликтот во Сирија. Основна предност и причина поради која се наоѓа на второто место на листата е соодносот помеѓу цената и квалитетот. Цената на „Вампир“ е десетици пати пониска од современите противтенковски ракетни комплекси и стотици пати пониска од цената на еден тенк што РПГ го уништува со само еден истрел.

РПГ-32: Подарок за Јордан

Треба да се одбележи дека конструкторите од руското претпријатие „Базаљт“ бараа патишта за надминување на активната заштита на оклопната техника многу пред таа да биде пуштена во војската. Најголем успех имаше во 2006 година кога со Јордан беше создаден проектот „Хашим“ РПГ-32 со заедничката компанија JRESKO. Овој уникатен проект во себе ги има собрано сите минати успеси на фрлачите на гранати и ги има добиено сите современи технологии од муниција до визир за ноќно стрелање. За првпат во историјата тој беше преземен во вооружувањето на Јордан и на Русија според единствен стандард.

РПГ-32 нема електрични блокови, иако системот за стартување е електричен. Оваа функција ја исполнуваат генераторите. Системот овозможува спротивставување на противникот со муниција од 75 и од 105 милиметри. „Хашим“ поседува систем за оган во повеќе нивоа во вид на лансирачки уред за повеќе употреби и мулткалибарни кертриџи. Ова овозможува да не се троши муниција на лесни возила прикриени како коли или ѕидови на куќи. Со овој уред може да се пробие заштита од 1.000 милиметри, а 75-милиметарската муниција уништува оклоп од 500 милиметри, Со тежина од 3 килограми, војникот може да го постави РПГ-32 во борбен режим за неколку секунди и да стрела од која било положба, вклучително и во ноќен режим. Не е за зачудување што претпријатието „Базаљт“ и конструкторското биро KADDB на кралот Абдула, добија медали „Гаранција за квалитет и безбедност“ за разработката на „Хашим“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња