Лавров: Микрофоните работеа чудно на средбата на „Нормандиската четворка“

Шефот на МНР на Русија Сергеј Лавров забележа на сомнителното работење на микрофоните на средбата на „Нормандиската четворка“ што се одржа во вторникот, 23 јуни.

На прес-конференцијата по преговорите на министрите за надворешни работи на земјите од „Нормандиската четворка“ шефот на дипломатијата на Русија Сергеј Лавров, одговарајќи на новинарско прашање, ги коментираше информациите на Викиликс дека телефонските разговори на француските претседатели се прислушуваат со години.

Овие информации, според зборовите на Сергеј Лавров, не го изненадуваат, макар што тој лично „не ги видел“.

„Во секој случај, ќе кажам дека додека денеска разговаравме, на периоди ту се исклучуваа сите микрофони, ту се вклучуваа сите микрофони“, го цитира РИА „Новости“ шефот на руската дипломатија.

Како што објави весникот „Взгљад“, Агенцијата за национална безбедност на САД веќе ја негираше информацијата за своето учество во прислушувањето на телефонските разговори на претседателот на Франција Франсоа Оланд, за што се зборува на Викиликс. Официјалниот претставник на Советот за национална безбедност во Белата куќа Нед Прајс изјави: „Ние не целиме и нема да целиме кон разговорите на претседателот Оланд“. Тој не прецизираше дали САД ги прислушувале телефонските разговори на преходните француски лидери Жак Ширак и Никола Саркози. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња